Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, е позитивен на Ковид-19. Ова беше потврдено на официјалната веб-страница на клубот на нашиот репрезентативец, Елиф Елмас.
Засега нема подетални информации, ниту пак е позната здраствената состојба на Де Лаурентис, кој веројатно веќе е ставен во изолација.