Новиот играч за врска на Барселона, Миралем Пјаниќ пристигна во својата нова екипа, а тоа беше потврдено на официјалниот Твитер профил на Барселона.
30-годишниот фудбалер се пресели во каталонскиот клуб ова лето од Јувентус. Сумата за трансфер беше 60 милиони евра. Миралем играше за „бјанконерите“ од 2016 година, а пред тоа ги бранеше боите на Рома, Лион и Мец. Тој настапува за репрезентацијата на Босна и Херцеговина од 2008 година.
Минатата сезона Пјаниќ учествуваше на 30 натпревари од италијанската Серија А во дресот на Јувентус, постигна 3 гола и 6 асистенции, но исто така доби и 10 жолти картони. На крајот на август, стана познато дека Пјаниќ се заразил со коронавирус. Сега откако се е во најдобар ред со него, тој се приклучува на својата нова екипа.