Раководството на Челзи ја одби понудата на Интер за играчот за врска Н’Голо Канте, пренесува весникот „Гардијан“.
Според истиот извор, Интер го понудиле Марсело Брозовиќ како дел од договор, но лондончани одбиле. По првиот негативен одговор, Интер се обиде со нов играч, па понудиле размена помеѓу Канте и Кристијан Ериксен на „Стемфорд Бриџ“, но резултатот бил ист.
„Гардијан“ тврди дека Канте во моментов е најголемата трансфер цел на Антонио Конте. Сепак, менаџерот на Челзи, Френк Лампард не сака да се раздели со Французинот, иако минатата сезона повредите го спречија Канте да покаже максимум од неговите квалитети и тој одигра само 28 натпревари во сите натпреварувања.