Играчот за врска на Барселона, Артуро Видал е близу до трансфер во Интер, пренесуваат медиумите блиски до миланскиот тим. Според извори од клубот, следната недела двете страните ќе одржат состанок на кој ќе се договорат за трансферот на Чилеанецот. Според најавите, тој се очекува да пристигне во Милано на 14 септември за да ги мине лекарските прегледи.
Претходно беше објавено дека Видал се договорил со Интер за годишна плата од 6 милиони евра + бонуси, со договорот кој ќе важи до 2022 година со можност за продолжување на уште една година.

