Килијан Мбапе му соопштил на раководството на ПСЖ дека сака да си оди на крајот на сезоната 2020/21. Со ова полека ќе се остварат најавите дека Мбапе им апред договор со некој од европските гиганти, откако минатото лето се шпекулираше дека Реал (М) е клубот кој е најзагреан за него.
Мбапе дојде во ПСЖ од Монако во 2018 за околу 180 милиони фунти и потпиша петгодишен договор. Британски „Тајмс“ наведува дека Мбапе им соопштил на раководните луѓе на ПСЖ дека оваа сезона ќе даде се од себе да се освои се што може, а потоа ќе тргне кон нов предизвик.

