Фармацевтската компанија – „Инеос“ која е во сопственост на најбогатиот човек во Велика Британија, сер Џим Ретклиф, откупила 70 проценти од акциите на германскиот тим во Формула 1, Мерцедес.
Според непотврдени информации договорот е вреден 700 милиони фунти. Наводно, директорот на екипата, Тото Волф ќе ги продаде неговите 30 проценти и ќе добие нова советничка улога.
Компанијата „Инеос“ во тековнава сезона го спонзорира Мерцедес со 100 милиони фунти.

