Александар Таневски го напушти кормилото на фудбалскиот состав Академија Пандев откако струмичани по 5 одиграни кола во елитниот шампионат имаат само 1 победа и дури 4 порази.
„Како човек и како тренер имам морал и достоинство. По последниот меч ги известив официјалните лица за мојата одлука. Јас повеќе не сум тренер на А.Пандев“ – напиша Таневски на социјалните мрежи.
„Пред почетокот на сезоната драстично го променивме играчкиот кадар. Можам да кажам дека Академија Пандев е убедливо најмладиот тим и со сигурност тврдам дека има голем потенцијал. Искрено се надевам дека со доаѓањето на новиот тренер екипата ќе излезе од кризата“ – стои во објавата на Таневски.

