Андреа Пирло денес ќе добие тренерска лиценца, пренесува Фудбал Италија. Тој денес треба да го има своето лично предавање и да ја брани тренерската диплома во базата во Коверчано.
Претходно Андреа Пирло беше назначен за тренер на Јувентус. На 41-годишниот тренер му беше дозволено да застане на чело на „старата дама“, бидејќи тој веќе ја започна својата обука со посета на тренерските курсеви.

Како овластен тренер, Пирло ќе го има својот прв натпревар против Сампдорија во првото коло од италијанскиот шампионат. Натпреварот е закажан за 20 септември на стартот на новата сезона во Серија А.

