Раководството на Севиља го објави своето петто засилување. Се работи за левиот бек Маркос Акуња, кој доаѓа од Спортинг (Лисабон) за 10 милиони евра и уште 2 милиони бонуси.
28-годишниот дефанзивец потпиша договор до 2024 година. Тој е аргентински репрезентативец, со 27 натпревари за својата селекција, како и натпревари од Светското првенство.
Со ангажманот на Акуња, Севиља ја пополнува празнината од заминувањето на Серхио Регилон, кој се врати во Реал Мадрид. Ова лето на „Рамон Санчез Писхуан“ пристигнаа и Иван Ракитиќ, Оскар Родригес, Јасин Буну и Сусо.