Новото засилување во редовите на Реал Сосиедад, Давид Силва го имаше првиот тренинг со тимот. 34-годишниот играч за врска се приклучи на баскискиот клуб ова лето како слободен агент.
Тој беше официјално претставен на 31 август, но беше позитивен на коронавирус неколку дена подоцна и беше во карантин две недели.
Давид Силва својот прв натпревар за Реал Сосиедад најверојатно ќе го одигра на 20 септември против Реал Мадрид во шпанското првенство.

