Sвездата на Олимпик Лион, Мемфис Депај ќе се пресели во Барселона за неколку дена, тврди „Де Телеграф“. Истиот извор наведува дека сè е договорено меѓу двата клуба и трансферот ќе се финализира до крајот на неделава.
Депај веќе ја прифати понудата на Барселона, а неодамна имаше личен разговор со тренерот на каталонците Роналд Куман. Под негово водство напаѓачот се етаблираше како стартер во репрезентацијата на Холандија и е убеден дека истото ќе го стори и на „Камп Ноу“.
Барселона ќе му исплати на Лион вкупно 32 милиони евра (25 милиони по потпишувањето на договорот, 5 милиони по крајот на сезоната и 2 милиони во форма на бонуси). Договорот на Мемфис Депај ќе биде со важност од 4 години.
Холанѓанецот пристигна во Лион во 2017 година по неуспешниот период поминат во Манчестер Јунајтед. Иако пропушти многу натпревари поради повреди, минатата сезона напаѓачот постигна 15 погодоци и имаше голема заслуга за пласманот на неговата екипа во полуфиналето од Лигата на шампионите.

