Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Видал пред трансфер во Интер, а Барса сепак ќе заработи нешто
    Фудбал

    Видал пред трансфер во Интер, а Барса сепак ќе заработи нешто

    risteBy riste15/09/2020No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Очекуваната зделка помеѓу Барселона и Интер за Артуро Видал ќе биде финализирана наскоро. Во тек се преговори меѓу двата клуба. Тие веќе постигнаа принципиелен договор за условите под кои Чилеанецот ќе стане фудбалер на Интер.

    Клубот од Милано ќе плати скромна сума од 500 000 евра за правата на играчот од средниот ред, кој има уште една година од договорот со Барселона. Следната сезона Каталонците ќе продолжат да покриваат дел од платата на Видал, а договорот вклучува одредени бонуси. Токму тие ќе ја направат зделката профитабилна за Барселона.

    Видал мора да пристигне во Милано денес и да ги помине задолжителните медицински тестови во следните 48 часа. Тренерот на Интер, Антонио Конте е задоволен што ќе има можност повторно да работи со играчот од средниот ред. Двајцата се познаваат многу добро од заедничкиот период во Јувентус. Конте сакаше да го привлече Видал минатото лето, но тогаш Барселона не сакаше да го ослободи Чилеанецот.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.