Денес во ФФМ беше извршена ждрепка за првото коло од фудбалскиот куп на Македонија. Оваа година во првото коло односно 1/16 финалето ќе бидат одиграни 12 натпревари, а четири екипи дирректно се пласираа во 1/8 финалето.
Во првото коло ќе се сретнат (23 септември од 15.30 часот):
Кит-Го – Скопје
Победа – Македонија Ѓ.П.
Љуботен – Пелистер
Слога Виница – Шкупи
Вардар Форино – Вардар
Велешта – Кожуф
Росоман – Беласица
Охрид – Ренова
Лабуништа Тетекс – Силекс
Каменица Саса – Борец
Гостивар – Тиквеш
Вeлазерими – Работнички
Во првото коло ќе бидат одиграни 12 натпревари по кои во следното коло ќе се пласираат победниците на овие 12 средби, а таму ги очекуваат минатогодишните полуфиналисти Академија Пандев, Брегалница Штип, Шкендија и Струга Трим Лум кои поради малиот број на пријавени екипи директно се во осминафиналето.
Оваа сезона во куп натпреварите ќе се игра само по еден меч, а првото коло е закажано за 23 септември од 15.30 часот. Осминафиналето ќе се игра на 21 октомври, а четвртфиналето на 25 ноември 2020 година. За следната година, планирани се полуфиналните натпревари на 7 април и финалето на 19 мај 2021 година.

