Управниот одбор на Боксерската федерација на Македонија, донесе одлука да го одложи одржувањето на „Златен Гонг 2020“ поради пандемијата на корона-вирусот.
-Нашата цел беше оваа години да го организираме „Златен Гонг“ достојно, со квалитетни боксери од Европа и светот, согласно јубилејот на 50. издание. Невозможно е во ваква ситуација на светска пандемија да се организира ваков важен настан, за жал принудени сме да го одложиме за следната година, и други големи спортски собири оваа година се одложени за следната поради пандемијата на коронавирусот, тоа беше случај Олимписките игри, сметам дека ова е исправна одлука, оваа спортска манифестација заслужува организација и квалитет за јубилејот на високо ниво, изјави претседателот на БФМ, Примислав Димовски.
Претходно манифестацијата – „Златен Гонг“ не се одржала два пати и тоа во 1988 и 1997 година.