Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан ќе има значителни потешкотии да го состави најсилиот тим за претстојното гостување кај Реал Сосиедад во недела навечер.
Дури девет играчи од првиот тим страдаат од разни повреди на мускулите, а само Иско е близу до враќање во терените. Герет Бејл, Еден Азар, Лука Јовиќ, Мартин Јодегор, Едер Милитао, Лукас Васкез, Маријано Дијаз и Марко Асенсио продолжуваат да тренираат индивидуално и ќе биде тешко да бидат подготвени за мечот во Сан Себастијан.
Дополнително на тоа, Бејл, Јовиќ, Васкез и Маријано се уште не се сигурни каде ќе играат во новата сезона. Така, Зидан ќе има само 17 играчи од првиот тим и ќе треба да ја надополни групата со момчиња од резервниот тим на Реал Мадрид.
Ла Лига ја одобри препораката на УЕФА и оваа сезона тимовите да имаат право на пет замени за време на еден натпревар.

