Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Повреда на Милан Ристовски по која ќе мора да оди на долга пауза
    Фудбал

    Повреда на Милан Ристовски по која ќе мора да оди на долга пауза

    risteBy riste17/09/2020No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Младинскиот репрезентативец на Македонија, Милан Ристовски заработи потешка повреда, поради која ќе мора да паузира најмалку шест месеци, објавија лекарите од неговата екипа.

    Ова значи дека освен на клупски, тој ќе ги пропушти и одлучувачките натпревари за нашата млада репрезентацијата.

    22-годишниот напаѓач на вчерашниот вечерен тренинг на Ријека се здобил со фрактура на десната нога и бил пренесен веднаш во болница, каде му била извршена итна операција. Според првичните инфоримации, повредата е незгодна бидејќи е во делот на зглобот. Како што стојат работите Ристовски поради оваа повреда нема да може да се врати на теренот до крајот на оваа календарска година, па така нема да му биде на располагање на селекторот Благоја Милевски за клучните четири средби од квалификациите за Европското првенство за играчи до 21 година.

    Македонија во следниот период треба да игра уште четири натпревари, против Казахстан, два пати со Израел и во последното коло со Црна Гора.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.