ПСЖ даде понуда вредна вкупно 60 милиони евра за дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали. Според „Тутоспорт“, понудата за трансфер е од 52 милиони плус 8 милиони во бонуси.
Италијанското издание тврди дека претседателот на Наполи Аурелио Де Лаурентис чека да види дали нема да добие подобра понуда од Манчестер Сити, кој исто така е заинтересиран за играчот. Доколку тоа не се случи, дефанзивецот се очекува да замине за Париз, а трансферот би можел да се финализира следната недела.
Де Лаурентис изјави дека Кулибали би можел да го напушти клубот во сегашниот преоден рок, но само со соодветна понуда. Наполи за него бараше меѓу 90 и 100 милиони евра, но постепено бараната сума беше намалена.