Познати се условите за претстојниот трансфер на играчот за врска на Баерн Минхен, Тиаго Алкантара во Ливерпул, како и договорот на играчот со англискиот клуб.
Според одредени информации, почетната сума на трансферот ќе биде 20 милиони фунти (скоро 22 милиони евра), кои ќе бидат платени за време на договорот на 29-годишниот Шпанец. Други 5 милиони фунти (5,5 милиони евра) се во вид на бонуси, вклучително и титула во англиската Премиер лига и Лигата на шампионите, како и настапот на Алкантара во европските натпреварувања.
Информациите кои доаѓаат од Англијавелат дека Тиаго ќе биде подложен на медицински преглед во Ливерпул денес. Играчот за врска ќе игра за својот нов тим во дрес со број 6, кој е ослободен по трансферот на дефанзивецот Дејан Ловрен во Зенит.

