Фудбалерите на Ренова со минимален пораз од 1:0 против сплитски Хајдук ги завршија настапите во Лигата на Европа за оваа сезона. Со голот на Цакташ во 4. минута, Хрватите дојдоа во водство, кое до крајот го претворија во пласман во следната рунда на ЛЕ.
Ренова имаше одлично второ полувреме,но и покрај неколкуте зрели шанси не успеа да дојде до израмнување.