Швеганецот со македонско потекло Дејан Кулушевски ова лето го направи трансферот од соништата и од Парма се пресели во редовите на актуелниот шампион Јувентус.
Кулушевски веќе одигра неколку пријателски средби со новите соиграчи, а денес и официјално беше промовиран како засилување во просториите на клубот. Тој на прес-конференцијата нагласи дека дошол во Торино за да ја освои титулата во Италија.
„Натпреварот кој не очекува в недела е многу важен, затоа што е на почеток на новата сезона, јас сум среќен што конечно ќе имам шанса да заиграм за Јувентус. Спремен сум да одговорам на задачата ако добијам шанса од тренерот, со нетрпение го чекам тоа. Овде сум за да се развивам, да победувам, да им помогнам на соиграчите и да го израдуваме градот. Среќен сум што сум овде, сакам да го освоиме скудетото и да победуваме на секој натпревар“, изјави Кулушевски.
Јувентус новата сезона ја започнува со домашен натпревар против Сампдотија во недала од 20.45 часот, а ќе се обидат да дојдат до десеттата титулча во низа во Серија А.

