Астон Вила официјално го доведе напаѓачот на Лион, Бертран Траоре. Составот од Бирмингем прв ги објави вестите на својата клупска веб-страница.
Трансферната сума за играчот, која ќе му биде исплатена на францускиот клуб е 17 милиони фунти со можност да се зголеми на 19 милиони според бонусите.
Договорот со 25-годишниот Траоре е на четири сезони. Во својата кариера, Бертран Траоре, играше и за Челси, Витесе и Ајакс.

