Ливерпул не застанува со обид да се засили во летниот преоден рок. Денеска стигна и вест дека Јирген Клоп сака дополнително засилување на конкуренцијата во тимот, па Ливерпул веќе и официјално стартуваше разговори со Барселона за можна позајмица на Усман Дембеле.
Францускиот репрезентативец на „Камп ноу“ пристигна летото во 2017 година за 138 милиони евра, но не го оправда вложеното. Минатата сезона му мина со бројни повреди и малку настапи. Тој би бил добра алтернатива во нападот, со оглед на новата напорна сезона која го чека англискиот првак.

