Екипата на Тотенхем денес ги промовираше своите две нови засилувања, старо-новиот фудбалер Герет Бејл и Серхио Регилон.
Велшанецот ќе пристигне на едногодишна позајмица, а засега не е познато дали Тотенхем ќе имаат опција за откуп на договорот. Бејл по цели седум сезони поминати во Реал Мадрид се враќа во колубот во кој блескаше, па сега ќе има шанса да ја „оживее“ кариерата. Промената од тогаш до сега е неговиот број, па наместо 11 која сега ја носи Ламела, Бејл ќе биде новата „9-ка“ на Тотенхем.

Освен Бејл, во тимот на Жозе Мурињо пристигнува и Серхио Регилон, исто така од Реал Мадрид, а минатата сезона ја мина на позајмица во Севиља. Овој лев бек ќе биде платен 30 милиони евра и со Тотенхем потпиша договор за следните пет сезони.

