Со голот постигнат синоќа во победата над Сампдорија (3:0) Кристијано Роналдо веќе ја има 19-та последователна сезона со постигнат гол на клупско ниво.
Во својата досегашна кариера, 35-годишниот Португалец играше за Спортинг Лисабон (3 гола во една сезона), за Манчестер Јунајтед (84 гола за шест сезони), за Реал Мадрид (311 погодок во девет сезони) и за Јувентус (52 гола во првите две сезони).
„Секогаш е добро да се започне сезоната со победа! Одлична работа за тимот“, напиша Роналдо на Инстаграм по мечот со Сампдорија.

