Италијанскиот шампион Јувентус и официјално се откажа од можноста да го купи Луис Суарез од Барселона. Ова го објави спортскиот директор на „бјанконерите“ Фабио Паратичи по победата над Сампдорија синоќа.
Главната причина за оваа одлука е тоа што Уругваецот нема италијански пасош. Нов напаѓач на Јуве се очекува да биде Един Џеко од Рома.
„Суарез не е во нашите планови за трансфер пазарот. Тој не е цел на Јувентус. Тој нема италијански пасош, па затоа не можеме да потпишеме со него сега. Да, ја разгледавме можноста да го донесеме, но сега е нереално”, рече Паратичи.
