Фудбалскиот состав на Манчестер Јунајтед се надева дека ќе го привлече левиот бек на Порто, Алекс Телес.
„Црвените ѓаволи“ ќе се обидат да го направат трансферот до крајот на неделава. 27-годишниот дефанзивец има клаузула вредна 40 милиони евра. Англискиот тим е подготвен да даде 25 милиони со надеж дека Португалецот ќе се согласи бидејќи има договор за уште една сезона.
Според –„Manchester Evening News“, раководството на Јунајтед преговара за ангажман на централниот дефанзивец пред затворањето на трансфер пазарот на 5 октомври.

