Играчот за врска на Јувентус, Сами Кедира е опција за ново засилување на ПСЖ. „Скај Германија“ тврди дека 33-годишниот поранешен германски репрезентативец може да ги засили парижаните доколку го раскине договорот со Јувентус.
Кедира има договор за уште една сезона, но Андреа Пирло нема намера да смета на него. Раководството на Јувентус прави се што е можно да се раздели со играчот од средниот ред со заедничка согласност.
До неодамна, Бјанконерите се надеваа дека ќе го продадат Кедира, иако за скромна сума. Сепак, клубот не доби никакви понуди за поранешниот играч на Штутгарт и Реал Мадрид. Кедира има вкупно 145 натпревари и 21 гол за Јуве.
За него е заинтересиран и Манчестер јунајтед, но и „црвените ѓаволи“ чекаат да видат дали тој ќе стане слободен играч за да го добијат без обештетување.