Попладнево на терените во Македонија ќе се одиграат натпреварите од 1. коло во фудбалскиот Куп. Откако вчера Вардар по пообро изведување на пенали го елиминираше Вардар Форино, денеска на програмата се преостанатите дуели.
Во попладневниот термин од 15.30 часот ќе се одиграат најголемиот дел од натпреварите, додека средбата меѓу Кит Го и Скопје е закажана со почеток од 18 часот.
ФУДБАЛ – КУП НА МАКЕДОНИЈА
1. КОЛО / 15.30 ч.
Каменица Саса – Борец
Гостивар – Тиквеш
Македонија ЃП – Победа
Охрид – Ренова
Пелистер – Љуботен
Росоман – Беласица
Силекс – Тетекс
Слога (В) – Шкупи
Велешта – Кожув
Велазерими – Работнички
18.00 Кит Го – Скопје