Македонскиот фудбалски репрезентативец, Висар Муслиу, заработи суспензија од два меча поради црвениот картон добиен на средбата со Грузија, но сепак, нема да недостасува во нашиот тим за престојниот меч со Косово во плеј-офот од минатото издание на Лигата на нации.
Од УЕФА и официјално потврдија дека стоперот ќе игра со Косово на 8 октомври во 1/2 финалето од плеј – офот за пласман на ЕВРО 2021, додека поради двата жолти картони и црвениот со Грузија на гости на последниот меч во Тбилиси кога беше исклучен, ќе ги прескокне дуелите со Естонија на гости (11 октомври) и со Грузија дома (14 октомври).

