Романскиот тим ФЦСБ (Стеауа) побара одложување на натпреварот со Слован Либерец (Чешка) во Лигата на Европа, поради епидемија на коронавирус, што го остави тимот со само девет играчи од одбраната и тројца голмани, објавија медиумите во земјата.
Всушност, романскиот тим е без полн состав ден пред пресметката со Чесите и управата побара од УЕФА да го одложи натпреварот. Вкупно 13 играчи на ФЦСБ беа позитивни на Ковид-19. Заразени се уште осум други лица од спортскиот и техничкиот персонал на клубот што исто така е дополнителен проблем.
Останува на УЕФА да донесе одлука за одложување на средбата или евентуално ако нема простор да ја додели победата на Слован Либерец.

