Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Официјално: Луис Суарез е нов играч на Атлетико Мадрид
    Фудбал

    Официјално: Луис Суарез е нов играч на Атлетико Мадрид

    risteBy riste24/09/2020No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Само два дена му беа потребни на Атлетико Мадрид да го реализира трансферот на летото во Ла Лига. Од синоќа Луис Суарез е нов фудбалер на овој мадридски клуб и денес со посебна церемонија и прес-конференција од 12:30 часот Суарез ќе се прости од Барселона пред раководството на клубот и неговите досегашни соиграчи.

    Третиот најдобар стрелец во историјата на Барселона заминува по пет сезони поминати од „Камп Ноу“ и за разделбата на една година пред истекот на договорот каталонскиот клуб ќе добие шест милиони евра во вид на бонуси. 33-годишниот напаѓач ќе добие двегодишен договор сп новиот клуб и ќе добива девет милиони евра по сезона. Суарез ќе ја добие деветката која досега ја носеше Алваро Мората кој се врати повторно во Јувентус. Диего Симеоне планира да го продаде и Диего Коста со што ќе му ослободи простор во нападот на Луис Суарез. Атлетико Мадрид го потврди трансферот, но го услови со лекарските прегледи кои денес Уругваецот треба да ги мине во Мадрид.

    Со ова во Барселона се ослободувааат од високата плата од 17 милиони евра која ја имаше Суарез, а тоа значи дека ќе можат да влезат во финални преговори за ангажманот на Мемфис Депај од Олимпик Лион.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.