Македонскиот преставник во Лига Европа, Шкендија и оваа година има можност да биде домаќин на уште еден голм клуб како што е Тотенхем.
Откако пред неколку сезони играа против екипи како што се Гент, Милан и Розенборг, сега ждрепката посака во третата квалификациска рунда, инаку последна пред плејофот за влез во групите, Шкендија да го добие моќниот тим на Тотенхем, предводен од еден од најдобрите светски тренери Жозе Мурињо. Доколку ситуацијата беше нормална, ова ќе беше вистински фудбалски спектакл во Скопје, но сега за жал на нашиот најголем стадион ќе бидат само актерите , бе присуство на публиката која сигурно ќе го исполнеше до последно место доколку немаше пандемија на коронавирус.
Тотенхем важи за апсолутен фаворит на хартија. Премиерлигашот има милионски ѕвезди во своите редови, но Шкендија не планира да се предаде и најавува дека ќе се бори максимално, посебно сега кога се игра по еден натпревар. Можеби токму тоа ги зголемува амбициите на Шкендија, но од друга страна го прави Тотенхем да биде внимателен, но и максимално да влезат на оваа средба. Ова е причината Мурињо за вечерашниот натпревар да не тактизира, напротив со најсилниот состав да излезе на мегдан против Шкендија. Потценувањето на противникот може скапо да ги чини во Тотенхем, а добра поука за тоа е претходниот натпревар во Бугарија против Локомотив Пловдив, каде во последните минути мораше да се борат за победа.
Македонскиот тим игра во одлична форма. Има две европски победи над Сумгајит од Азербејџан и Ботошани од Романија, а исто така не знае и за пораз во Првата македонска фудбалска лига. Тотенхем, пак, по стартниот пораз, се распука на дуселот со Саутемптон и победи со 5:2. Четири гола постигна корејскиот офанзивец Хјонг-Мин Сон, а еднаш погоди Хари Кејн, со тоа што имаше и четири асистенции на оваа средба.
Арената „Тодор Проески“ во Скопје вечерва ќе биде местото каде овие две екипи ќе се надигруваат, а стилот на игра кои го негуваат овие две екипи гарантира ревија на голови и убави потези. Натпреварот почнува во 20 часот, а ќе може да го следите и низ нашата програма.