Едуард Менди и официјално е нов голман на Челзи. Како што потврди лондонскиот клуб, сенегалецот потпишал петгодишен договор.
„Возбуден сум што ќе му се приклучам на Челзи. За мене е остварување на сонот да бидам дел од овој тим и да работам со Френк Лампард. Со нетрпение чекам да се сретнам со соиграчите. Едвај чекам да им се придружам” , рече Менди.
Сенегалецот пристигнува во лондонскиот клуб од француски Рен.

