Менаџерот на фудбалерите на Челзи, Френк Лампард изјави дека е импресиониран од играта на новото засилување, Тијаго Силва кој пристигна од ПСЖ.
Новото засилување на „сините“ дебитираше вчера во куп-мечот против Барнсли кога неговитот им славеше со 6:0. 36-годишниот дефанзивец кој го започна мечот како стартер, беше повлечен по 15-тина минути игра во вториот дел.
„Тоа беа совршени 60 минути за него. Нормално, тој ќе биде во подобра форма и ќе покаже за што се е способен”, изјави самоуверено Лампард.