Офанзивниот играч за врска на Челзи, Калум Хадсон-Одои, сака да го напушти клубот, објави – „talkSPORT“.
Челниците на „сините“ сакаат 19-годишниот Англичанец да го испратат една година на позајмица во друг клуб за да добие поголема минутажа.
Баерн Минхен е еден од претендентите за Хадсон-Одои кој во изминатата сезона запиша 22 меча во Премиер лигата со ефект од 1 гол и 5 асистенции.

