Македонија остана без претставник во меѓународната конкуренција откако екипата на Шкендија вечерва загуби на Арената во Скопје од англискиот Тотенхем со 3 спрема 1 во рамките на претпоследното елиминациско коло во Лигата на Европа.
Гостите уште во 4 минута погодија преку Ламела додека тетовци на стартот на вториот дел со прекрасниот гол на Нафиу изедначија на 1:1. Веднаш потоа Тотенхем тргна максимално ангажирано и со погодоците на Сон во 70-та и Кејн во 79 минута спречи сензација.
Премиер-лигашот во наредната рунда ќе излеза на мегдан со Макаби Хаифа откако Израелците го елиминираа рускиот Ростов.