Голманот на Џенова, Матија Перин кој официјално е играч на Јувентус, а игра на позајмица цо Џенова се заразил со коронавирус, пренесува Фудбал Италија, повикувајќи се на изјавата на тренерот на Џенова, Роландо Маран.
Според изворот, голманот бил позитивен на коронавирус. Се вели дека Перин има мала треска. Фудбалерот веднаш бил ставен во карантин. Така, Перин нема да може да и помогне на Џенова на натпреварот од италијанската Серија А против Наполи, што ќе се одигра утре, 27 септември.
И оваа сезоната, италијанскиот голман игра за Џенова со позајмица од Јувентус кој го отстапи овој голман во Џенова и минатата сезона.

