Селекторот на полската фудбалска репрезентација Јержи Бжечек е позитивен на коронавирусот, објави Полскиот фудбалски сојуз.
Бжечек ќе помине низ стандардната постапка за изолација, во согласност со важечките прописи. Следниот натпревар на Полска е против Финска на 7 октомври во Гдањск.
Тимот ќе игра и со Италија на 11 октомври и Босна и Херцеговина на 14 октомври во Лигата на нации. Се очекува селекторот во понеделник да го објави список на играчи кои ќе учествуваат на натпреварите на националниот тим во октомври.

