Ракометната експедиција на Металург денеска замина за Швајцарија на реваншот со Криенс во рамките на последното елиминациско коло во Лигата на Европа.
Дуелот во Цирих ќе биде одигран во вторник од 18.45 часот а на нашиот тим има предност на хартија бидејќи во првиот меч славеше со 26 спрема 24. Пред да се отпатува за Швајцарија беа направени задолжителните тестирања за ковид-19 во целиот клуб. Добра вест е што нема заболени што значи дека тренерот Кастратовиќ ќе ги има на располагање сите ракометари.
Според планот, Металург утре ќе го има единствениот трениг во арената во Цирих. Победникот од дуелот Криенс-Металург ќе си обезбеди место во групната фаза во Лигата на Европа.