Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Трансферот на Депај во Барселона тешко до реализација
    Фудбал

    Трансферот на Депај во Барселона тешко до реализација

    risteBy riste28/09/2020No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Трансферот на напаѓачот на Олимпик Лион, Мемфис Депај во Барселона е комплициран поради финансиските барања на францускиот клуб, пишува „Мундо Депортиво“.

    Според изворот, Барселона ја разгледува опцијата за размена. Потенцијален кандидат е дефанзивецот Самуел Умтити, кој може да се пресели во Франција во замена за Холанѓанецот. Како што се наведува, Каталонците имаат ограничен буџет, па веројатно нема да си дозволат купување на Депај без вклучување други играчи во зделката.

    Холандскиот напаѓач потпиша договор со Лион во 2017 година. Тековниот договор истекува на крајот на сезоната 2020/2021. Минатата сезона Депај одигра 22 натпревари за Лион во сите натпреварувања, постигна 15 гола и 2 асистенции. Во сезоната 2020/2021, напаѓачот одигра 4 натпревари за Лион во Францускиот шампионат и постигна 4 гола.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.