Лондонски Арсенал повеќе од пет години не успева да забележи победа на гостински терен кај клуб од големата шестка на Островот.
Големата шесторка ги вклучува Ливерпул, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Тотенхем, Челзи и Арсенал. Последната победа на Топџиите во натпревар на гости со една од овие екипи е на 18 јануари 2015 година. Тогаш Арсенал го победи Манчестер Сити на „Етихад“ со 2:0.
Серијата трае и понатаму откако синоќа на „Енфилд“ во мечот од 3.коло на Премиер лигата против Ливерпул загубија со 3:1. На овој стадион, лондончани веќе осум години не можат да победат. Арсенал следното коло ќе играат со Шефилд Јунајтед во натпревар од англискиот шампионат. Средбата ќе се одигра на 4 октомври.

