Денеска во Женева од 17 часот ќе бидат формирани групите за новата сезона во Лигата на фудбалските шампиони.
Меѓу 32-те екипи ќе има и четворица дебитанти. Тоа се францускиот Рен, турскиор Башакшехир, Митјиланд од Данска и Краснодар од Русија.
Екипите ќе бидат поделени во осум групи по 4-ри со тоа што тимовите од една земја не може да бидат во иста група.

