Тренерот на фудбалерите на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, по вчерашната минимална победа против Валјадолид во Ла Лига, вели дека резултатот е пред играта и дека само бодовите се значајни.
„Натпреварот беше тежок. Иако играме подобро има и лоши моменти, на пример, што ја губиме топката во нашата половина. Добро е чувството кога ќе победиш” – вели францускиот стратег.
„Еден Азар има повреда на мускулот, среќен сум поради Винисиус, што се однесува до Лука Јовиќ, не можам да кажам ништо бидејќи преодниот рок е отворен, ја видовте неговата денешна партија“ –кажа дел од неговите мисли тренерот на Реал Мадрид.

