Добрите познавачи на состојбите во италијанскиот фудбал нагласија дека Јувентус има големи шанси да го обезбеди потписот на младиот напаѓач на Фиорентина, Федерико Киеза и тоа до крајот на преодниот рок.
„Старата дама“ покрај одредена сума на пари има намера да испрати и неколку играчи во Фиренца. „Газета дело Спорт“, тврди, дека „виолетовите“ ја прифатиле таа понуда и дека Киеза првично би заминал на позајмица за 12 милиони евра а на крајот на сезоната неговиот договор ќе биде купен за 50 милиони.
Голгетерот, пак, треба да заработува во Јуве годишно околу 5 милиони евра.

