Напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски, ќе ја добие наградата за фудбалер на годината на УЕФА, откри новинарот, Тоби Алтшефел и тоа непосредно пред официјалната церемонија која е предвидена за денеска од 17.00 часот кога ќе се формираат и групите за Лигата на шампионите.
Покрај Левандовски во Топ 3 влегуваат и неговиот соиграч, Мануел Ноер како и членот на Манчестер Сити, Кевин Де Бруин. Во изборот учествуваа тренерите на сите 80 екипи од групната фаза на Лигата на шампионите и Лигата на Европа како и 55 новинари.
Во топ 10 се вметнати и Лионел Меси (Барселона), Нејмар (ПСЖ) , Томас Милер (Баерн М), Килијан Мбапе (ПСЖ), Тиаго Алкантара (Баерн М) , Џошуа Кимих (Баерн М) и Кристијано Роналдо (Јувентус).