Денеска беа одредени судиите за мечевите од 8 коло во првата фудбалска лига на нашава земја кои ќе бидат реализирани во текот на викендот.
Дербито под Шара меѓу Шкендија и Силекс ќе го суди Константин Влахо од Скопје. Мечот Работнички-Академија Пандев ќе го води Боби Величков од Велес додека на центарот на теренот на пресметката Шкупи-Борец ќе биде Крумислав Ѓорѓиев од Штип. На мечот Македонија ЃП-Струга правдата ќе ја дели Александар Грујоски од Кичево додека Ндерим Тефику од Куманово ќе биде главен судија на натпреварот Беласица-Ренова.
Единствениот дуел кој е закажан за в недела меѓу Пелистер и Вардар ќе го води Александар Ставрев од Скопје. Сите натпревари ќе започнат во 15.00 часот.