Виз Ер Скопски маратон ќе се одржи на 4-ти октомври (недела) на истата патека, но, со нова стартно –целна рамнина за да се испочитуваат мерките и протоколите за заштита од Ковид-19, најави, директор на Виз Ер Скопски маратон, Кире Синадиновски.
„Ќе имаме 1500 учесници во три трки: маратон, полу-маратон и штафетен маратон. И годинава ќе имаме квалитетни натпреварувачи, но, поради пандемијата ќе бидеме без натпреварувачите од Африка. Заради целата ситуација со вирусот Ковид-19, го променивме стартот и целта, кои што ќе бидат пред влезот на СЦ Борис Трајковски а патеката е иста. Тој простор ни дозволува да ги испочитуваме сите протоколи донесени специјално за маратонот“ – изјави Синадиновски.
Oбраќање имаше и Александар Кираџиев кој што истакна дека е особено благодарен што во една ваква пандемиска година се смогнаа сили и напори за да се одржи трката и им посака успешна реализација на организаторите

