Најдобриот стрелец во Бундеслигата и човекот кој ја одбележа минатата сезона во Лигата на шампионите, Роберт Левандовски сосема заслужено ја доби наградата за најдобар напаѓач во изминатата сезона во изборот на УЕФА
Очекувано, Левандовски го освои првото место во овој избор и го наследи Лео Меси, кој победи во овој избор минатата година. На второто и третото место завршија Нејмар и Мбапе од ПСЖ.
Од четвртото до десеттото место според гласовите на новинарите и тренерите завршија Гнабри, Халанд, Меси, Милер, Роналдо, Ди Марија, Мане.

