Напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски е најдобриот играч според УЕФА во сезоната 2019/2020.
Полскиот напаѓач ја доби наградата МВП за време на церемонијата на ждрепките во групната фаза за Лигата на шампионите на УЕФА 2020/2021 во во Женева. Левандовски беше прогласен и за најдобар напаѓач.
Исто така, номинирани за најдобар играч во сезоната беа играчот за врска на Манчестер Сити, Кевин Де Брујн и голманот на Баерн, Мануел Нојер, кои беа избрани за најдобар играч за врска и најдобар голман од УЕФА.
Минатата сезона Левандовски постигна 55 голови и 10 асистенции на 47 настапи за Баерн во сите натпреварувања. Баерн Минхен го освои Купот на Германија, ја освои шампионската титула и Лигата на шампионите, а синоќа беа осојувачи и на Суперкуп трофејот во Германија.

