Откако синоќа се одиграа последните дуели од осминафиналето на Лига Купот на англија, веќе се познати и двојките за четврфиналето. Според ждрепката, лондонски Арсенал, кој го елиминираше Ливерпул на пенали, ќе игра против Манчестер Сити. Евертон во четврфиналната рунда за противник ќе го има Манчестер Јунајтед.
Тотенхем ќе игра со Стоук Сити, а Брентфорд кој успеа да го мине премиерлигашот Фулам, за противник во оваа фаза го доби Њукасл.
Четвртфиналето во Лига купот на Англија ќе се одржи во декември.

